Dikarya е потцарство на габи кое ги вклучува типовите на торбести и столпчести габи, чии претставници произведуваат дикариони и можат да бидат филаментозни или едноклеточни, но се секогаш без камшичиња. Габите од Dikarya се најмногу од т.н. виши габи, но исто така тука припаѓаат и многу анаморфни видови кои се класифицирани како мувли во постарата литература.[1] И во филогенетска смисла овие две групи на габи се групираат заедно. Во публикација од 1998 година, Томас Кавалиер-Смит ја означува оваа група како Neomycota.[2][3]
Dikarya е потцарство на габи кое ги вклучува типовите на торбести и столпчести габи, чии претставници произведуваат дикариони и можат да бидат филаментозни или едноклеточни, но се секогаш без камшичиња. Габите од Dikarya се најмногу од т.н. виши габи, но исто така тука припаѓаат и многу анаморфни видови кои се класифицирани како мувли во постарата литература. И во филогенетска смисла овие две групи на габи се групираат заедно. Во публикација од 1998 година, Томас Кавалиер-Смит ја означува оваа група како Neomycota.
Шематски приказ на хифи чии клетки имаат по две различни хаплоидни јадра.