Лутичињата (науч. Ranunculaceae) — фамилија на цветни растенија. Името на оваа фамилија е изведено од основниот род Ranunculus (лутиче). Освен овој род, други членови на фамилијата се и Anemone (анемоните), Aconitum и Clematis. Името ranuncula е доцнолатински израз за "мала жаба", деминутив од rana (жаба).
Според податоците на Кралските ботанички градини од Лондон, оваа фамилија се состои од 51 до 88 родови со околу 2500 видови. По бројност, најважни родови се Ranunculus (600 видови), Delphinium (365 видови), Thalictrum (330 видови), Clematis (325 видови) и Acontium (300 видови).
Лутичињата можат да се најдат насекаде низ светот, но најчести се во умерените и ладни области на северната хемисфера. Фамилијата содржи многу украсни растенија кои потекнуваат од Хималаите, од кои некои се со медицинска вредност.
Лутичињата се јавуваат како тревести растенија, грмушки или лијани. Стеблата се со концентрични спроводни снопчиња или, пак, тие се расфрлени во стеблото. Присутни се алкалоиди од типот на ранункулин или некои тритерпеноидни сапонини. Листовите се последователни и спирално поредени на стеблото, прости или сложени, а нерватурата е палматна или пинатна.
Соцветијата се со симподијален раст, а понекогаш се редуцирани до еден цвет. Цветовите се најчесто хермафродитни, со радијална или билатерална симетрија, цветните дршки се кратки или долги. Околуцветните елементи обично не се триделни. Чашкините ливчиња се најчесто 5 и се слободни, што е исто и за венечните. Базалниот дел од околуцветникот најчесто произведува нектар (веројатно од стаминодиите, односно стерилни прашници). Прашниците се многубројни, додека поленот е триколпатен. Плодните листови се обично 5 или повеќе, често редуцирани до 1, многу често слободни. Плодникот е натцветен, додека плацентацијата е странична. Плодот е во вид на збир од оревчиња, а кај некои претставници бобинка.
Цветната формула на лутичињата е: * K2-5 C5 A ∞ G∞
Оваа фамилија е прифатена од сите таксономи и од APG системот. Таа е дел од редот Ranunculales во кладот на вистински дикотиледони (Eudicota).
Следниот кладограм е даден од страна на APG II системот кој се основа на скорешната молекуларна филогенија.
Glaucidoideae
Hydrastidoideae
Coptoideae
Ranunculoideae
Thalictroideae