dcsimg

Hôa-ke ( Nan )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
hoâ-ke ke-bó
 src=
Lophura swinhoii

Hoâ-ke.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Wikipedia authors and editors

Тајвански фазан ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан (науч. Lophura swinhoii) — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Опис

Мажјакот има светкави сино-виолетови гради, стомак и задник, бел тил, црвена кикиришка, бела опашка и бела пувка. Женката е кафена, со жолти точки и сложени пругести шари и темнокостенлива опашка (надворешниот дел).

Кога мажјакот се перчи, кикиришката му се набабрува, прави еден скок и трча во круг околу женките.

Живеалиште

Живеалиштето на тајванскиот фазан е ограничено на планинските шуми во средишниот дел на Тајван, на надморска височина до 2.300 м.[1]

Се храни со семки, плодови и некои инсекти.

Женката несе по 2 до 6 јајца, кои ги квачи 25 до 28 дена. Младенчињата се способни да одат надвор од гнездото 2 до 3 дена откако ќе се испилат.

Заштита

Тајванскиот фазан е малуброен поради ограниченото живеалиште и влошувањето на условите за живот, особено сечата на дрво. Дел од птиците се безбедни во заштитени подрачја, но други се намалуваат по бројност. Во минатото тајванскиот фазан се ловел и затоа исчезнал во извесни подрачја во 60-те и 70-те години на XX век. Денес, се смета дека живеат вкупно 10.000 единки.[1]

 src=
Lophura swinhoii

Потекло на името

Видот го научното име swinhoii во чест на британскиот природонаучник Роберт Свајно (1836-1877), кој прв го опишал во 1862 г.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Lophura swinhoii. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013. (англиски)
  2. „Тајвански фазан“. Зоо Скопје. конс. 28 април 2015. Check date values in: |accessdate= (помош)

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Тајвански фазан: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан (науч. Lophura swinhoii) — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија