Калифорнискиот кактус (Ferocactus cylindraceus) е кактус од видовите на ферокактуси. За прв пат бил опишан од Георг Енгелман во 1853.[1]
Кактусот го има во пустината Мохаве и Соноранската пустина во Калифорнија, Невада, Аризона и Јута в САД. Исто така го има и во пустините во Мексико блиску границата со САД.[2][3] Расте во карпести и сушни предели на предели до 1500 метри надморска висина.[4]
Калифорнискиот кактус е најчесто цилиндричен или сферичен. Некои постари примероци може да нараснат во вид на столб до 2 метри во висина. Кактусот е прекриен со долги боцки, кои се прави и црвени додека се млади. Подоцна стануваат закривени и сиви..[5] Кактусот има виолетови или темноцрвени цветови со жолта внатрешност. Плодовите се жолти и месести.
Поради својата скулптурна форма и убави квалитети, иако е доста чест кактус, тој е под закана од колекционерите на растенија.[4] Во пустинските предели кактусот го губи хабитатот бидејќи се градат соларни градини и ветерници.
Калифорниски кактус во Национален парк Џошуа Три
Калифорнискиот кактус (Ferocactus cylindraceus) е кактус од видовите на ферокактуси. За прв пат бил опишан од Георг Енгелман во 1853.