Мори обӣ (Natrixtes tesselata), як навъ морест безаҳр. Рангаш зарди кабудтоб ё бур буда, холҳои сиёҳча ё рахҳои кӯндаланг дорад. Сараш секунҷа буда, аз гардани паҳнаш чандон фарқ намекунад (дар пушти сараш ба шакли ҳарфи лотинии V холи сиёҳтобе ҳаст). Дарозиаш 100-120 см, вазнаш 250-300 г. Баданашро пулакчаҳои сахт пӯшондаанд.

Змија-рибарка (науч. Natrix tessellata) — неотровна змија од потфамилијата белоушки (Natricinae) во рамките на фамилијата на смоковите (Colubridae).
Женките се поголеми од мажјаците и достигнуваат највеќе 1,0-1,3 м во должина. По боја се разликуваат од сивкасто зелена до кафеавкаста или речиси црна, со темни точки по грбот. Стомакот напати има живи бои (жолто или портокалово) со црни точки, мошне налик на коцки за играње.
Оваа змија живее претежно во реки и езера и се храни со риби (оттаму и народното име). Понекогаш се храни со водоземци како жаби и полноглавци.
Не е отровна, туку се брани со излачување на многу одбивен мирис од задниот отвор. Друг одбранбен механизам е лажирањето смрт (танатоза).
Во сезоната на парење (март–април-мај), змиите-рибарки се собираат во големи групи. Јајцата се положуваат обично во јули, при што едно гнездо има 10-30 јајца. Младите се изведуваат на почетокот на септември.
Змијата-рибарка спие зимски сон од октомври до април во суви дупки крај водата.
Покрај Македонија[2], змијата-рибарка се среќава шрум Европа и Азија: Авганистан, Австрија, Азербејџан, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грузија, Грција, Египет, Ерменија, Израел, Ирак, Италија, Јемен, Јордан, Казахстан, Кина, Кипар, Киргистан, Либан, Пакистан, Полска[3], Романија, Русија, Сирија, Словачка, Словенија, Србија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Узбекистан, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Чешка, и Швајцарија.
Во рушевините на Истрија во областа Добруџа, Романија е забележано заболување на змиите-рибарки од паразитскиот цевчест црв, namely Eustrongylides и, почнувајќи од 2005 г. ова население е предмет на проучување.[4]
Змија-рибарка (науч. Natrix tessellata) — неотровна змија од потфамилијата белоушки (Natricinae) во рамките на фамилијата на смоковите (Colubridae).