dcsimg
Image of Japanese Larch
Creatures » » Plants » » Gymnosperms » » Pines »

Japanese Larch

Larix kaempferi (Lamb.) Carrière

Japański larik ( Lower Sorbian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Kwiśece muske (górjejce) a žeńske (dołojce) šyšce japańskego larika.
 src=
Šyška japańskego larika.

Japański larik (Larix kaempferi, syn. Larix leptolepis) jo rostlina ze swójźby chójcowych rostlinow (Pinaceae).

Wopis

Japański larik je bom, kótaryž dośěgnjo wusokosć wót až do 30 m a šyrokosć wót až do 6 m.

Spjerchlinowa škóra je nacerwjena bruna, pśi staršych gałuzow teke oranžocerwjena.

Jegły su měke, šere až módrozelene.

Šyški su brune a kulowate. Jich spjerchliny su napadnje naslědk zgibnjone.

Stojnišćo

Rozšyrjenje

Wužywanje

Nožki

  1. Starosta: Dolnoserbsko-nimski słownik, Niedersorbisch-deutsches Wörterbuch, Bautzen 1999, ISBN 3-7420-1096-4, bok 212
  2. W internetowem słowniku: Lärche

Žrědła

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Wikipedia authors and editors

Japański larik: Brief Summary ( Lower Sorbian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Kwiśece muske (górjejce) a žeńske (dołojce) šyšce japańskego larika.  src= Šyška japańskego larika.

Japański larik (Larix kaempferi, syn. Larix leptolepis) jo rostlina ze swójźby chójcowych rostlinow (Pinaceae).

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Wikipedia authors and editors

Јапонски ариш ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Јапонскиот ариш (науч. Larix kaempferi); јапонски: 唐松, карамацу) — вид на ариш со потекло од Јапонија, поточно од планинските предели на регионите Чубу и Канто во средишниот дел на Хоншу. Присутен е и во Македонија, каде е воведен во 1950-тите.[1][2]

Ова е листопадно иглолисно дрво, средно до високо по големина, достигнувајќи височина до 20-40 м, со пречник на трупот до 1 м. Крошната му е широка и конусна; главните и гранки му се хоризонтални, а страничните исто така, со ретки исклучоци. Фиданките му се диморфични, со тоа што растот се дели на долги фиданки (10-50 см) со неколку пупки, и кратки фиданки (1-2 мм) со само една пупка. Листовите му се иглични, светло-синозелени, со должина од 2-5 см; пред да паднат на есен стануваат светлжолти до портокалови, така оставајќи ги розово-кафените фиданки голи сѐ до следната пролет.[2]

Шишарките им се исправени, јајчесто-конусни, со должина од 2-3,5 см, и со 30-50 семени лушпи свиени на рабовите; во младоста тие се зелени, а кога ќе созреат се отвораат и ги пуштаат семињата, што се случува 4-6 месеци по опрашувањето. Старите шишарки остануваат на дрвото долги години, и по боја се сиво-црни.[2]

Дрвото вирее на надморска височина од 500-2.900 м на добро исцедена почва, и избегнува расквасена земја.

Научниот назив дрвото го носи во чест на германскиот природонаучник Енгелберт Кемпфер. Дрвото е познато и по синонимот Larix leptolepis.

Употреба

Јапонскиот ариш има важна улога во шумарството, и се одгледува ширум северна и средна Јапонија (на север до Хокаидо), но исто така нашироко и во северна Европа, особено во Велика Британија. Дрвото му е цврсто и трајно, и се користи за општо градежништво. Често се среќаваат и огради од мали аришови прачки.

Наводи и надворешни врски

  1. “. Македонска енциклопедија , книга : стр. 81. (2009). Скопје: МАНУ.
  2. 2,0 2,1 2,2 Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.

Галерија

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Јапонски ариш: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Јапонскиот ариш (науч. Larix kaempferi); јапонски: 唐松, карамацу) — вид на ариш со потекло од Јапонија, поточно од планинските предели на регионите Чубу и Канто во средишниот дел на Хоншу. Присутен е и во Македонија, каде е воведен во 1950-тите.

Ова е листопадно иглолисно дрво, средно до високо по големина, достигнувајќи височина до 20-40 м, со пречник на трупот до 1 м. Крошната му е широка и конусна; главните и гранки му се хоризонтални, а страничните исто така, со ретки исклучоци. Фиданките му се диморфични, со тоа што растот се дели на долги фиданки (10-50 см) со неколку пупки, и кратки фиданки (1-2 мм) со само една пупка. Листовите му се иглични, светло-синозелени, со должина од 2-5 см; пред да паднат на есен стануваат светлжолти до портокалови, така оставајќи ги розово-кафените фиданки голи сѐ до следната пролет.

Шишарките им се исправени, јајчесто-конусни, со должина од 2-3,5 см, и со 30-50 семени лушпи свиени на рабовите; во младоста тие се зелени, а кога ќе созреат се отвораат и ги пуштаат семињата, што се случува 4-6 месеци по опрашувањето. Старите шишарки остануваат на дрвото долги години, и по боја се сиво-црни.

Дрвото вирее на надморска височина од 500-2.900 м на добро исцедена почва, и избегнува расквасена земја.

Научниот назив дрвото го носи во чест на германскиот природонаучник Енгелберт Кемпфер. Дрвото е познато и по синонимот Larix leptolepis.

Употреба

Јапонскиот ариш има важна улога во шумарството, и се одгледува ширум северна и средна Јапонија (на север до Хокаидо), но исто така нашироко и во северна Европа, особено во Велика Британија. Дрвото му е цврсто и трајно, и се користи за општо градежништво. Често се среќаваат и огради од мали аришови прачки.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија