Метилококите (научно: Methylococcaceae) образуваат фамилија на протеобактерии кои заедно со фамилијата Crenotrichaceae се членови на редот Methylococcales. Тие се облигатни метанотрофни бактерии, што значи дека се способни да го искористуваат метанот како единствен извор на јаглерод за изградба на клетката (асимилација) и за добивање енергија (со оксидација на метанолот за раст). Ова е еколошки мошне важна група на бактерии бидејќи го разградуваат стакленичкиот гас метан.
Клетките се стапче- или коковидни. Некои се јавуваат во вид на клеточни ланци. Некои видови образуваат цисти како мирувачки стадиум.
Метанотрофните бактерии се подгрупа на метилотрофните бактерии. Метанот се метаболизира со помош на ензимот монооксигеназа (ММО). Со помош на овој ензим се оксидира метанот до метанол, а добиената енергија се пренесува до респираторната низа при што се произведува ATP.
Бактериите од родовите Methylobacter, Methylococcus и Methylosphaera се исто така способни да го врзуваат азотот.
Бактеријата Crenothrix polyspora може исто така што го оксидира метанот. Анализата на нејзините 16S rRNA секвенци покажуваат висок афинитет кон Methylobacter psychrophilus [1].
Денес во оваа фамилија се наоѓаат следните родови [2]: