Жабутикаба или Бразилско грозје (науч. Myrciaria cauliflora) — овошје што расте на дрво. Припаѓа на семејството Мирти, а името го добило по бразилскиот град Жабутикаба.[2] Ова растение е едно од најценетите овошни дрва кое го има во Југоисточните делови на Бразил, Боливија, Парагвај и Северна Аргентина.
Жабутикабата претставува вечно зелено дрво. Карактеристично е што ова растение расте на самото стебло. Излегуваат прво жолтеникави цветови кои се шират низ целото стебло и гранките, па тогаш расте како плод околу 3 до 4 цм во дијаматар. Внатре во дебелата кора овошјето е меко и има 4 семки. Плодот е многу вкусен и од него може да се направи вино или ликер. За жал, овошјето не стои долго на дрво, почнува да ферментира за околку 3 или 4 дена.
Жабутикаба или Бразилско грозје (науч. Myrciaria cauliflora) — овошје што расте на дрво. Припаѓа на семејството Мирти, а името го добило по бразилскиот град Жабутикаба. Ова растение е едно од најценетите овошни дрва кое го има во Југоисточните делови на Бразил, Боливија, Парагвај и Северна Аргентина.