Долгоопашестиот синец (Lampides boeticus) е пеперуга од семејството на синци, од видот синци.[2]
Распространетост
Оваа пеперуга може да се најде во голем дел на Европа, Африка, Јужна Азија,[3] Југоисточна Азија и Австралија.[4]
Живеалиште
Овој вид живее покрај шуми, планински ливади до надморска висина до 2700 метри.[5][6][7]
Опис
Распонот на крилјата на пеперугата е од 24 до 32 мм кај мажјаците и од 24 до 34 кај женките.[6] Мажјаците имаат синкасто-виолетова боја на горната страна со кафени краеви, додека пак женките имаат обратен редослед. Овој вид има полов диморфизам.[8][9] Двата пола имаат тенка и долга опашка и две темни дамки во задниот дел. Долната страна на крилјата се во бледокафена боја со бели дамики.[7] Покрај тоа има и дамка налик на око во близина на опашката.[8]
Екологија
Овој вид може да има и до три генерации годишно. Возрасните единки летаат од февруару до ноември и тие се мигранти.[6][7] Јајцата се бели со зеленкаста нијанса и имаат форма на диск. Може да бидат и до 0,5 мм во дијаметар. Тие се полагаат единечно.[8]
Возрасните гасеници се зелени или црвенкасто-кафени. Може да достигнат должина и до 15 мм. Куклите може да достигнат големина и до 10мм. Ларвите се хранат со цветови и листови од растенијата Medicago, Crotalaria, Polygala, Sutherlandia, Dolichos, Cytisus, Spartium и Lathyrus.[4][10] = | jfm = }}
Галерија
Поврзано
Наводи
-
↑ Yutaka Inayoshi Butterflies in Indo-China
-
↑ Предлошка:Citation-attribution
-
↑ R.K., Varshney; Smetacek, Peter (2015). A Synoptic Catalogue of the Butterflies of India. New Delhi: Butterfly Research Centre, Bhimtal & Indinov Publishing, New Delhi. стр. 133–134. doi:10.13140/RG.2.1.3966.2164. ISBN 978-81-929826-4-9. https://www.researchgate.net/publication/287980260_A_Synoptic_Catalogue_of_the_Butterflies_of_India.
-
↑ 4,0 4,1 Funet
-
↑ Lepidoptera Caucasi
-
↑ 6,0 6,1 6,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано 2017-03-16 во Wayback Machine.
-
↑ 7,0 7,1 7,2 Euro Butterflies by Matt Rowlings
-
↑ 8,0 8,1 8,2 Lepidoptera Butterfly House
-
↑ New Zealand Butterflies
-
↑ Woodhall, Steve (2005). Field Guide to Butterflies of South Africa. Cape Town, South Africa: Struik. ISBN 978-1-86872-724-7.
Литература
-
Evans, W.H. (1932). The Identification of Indian Butterflies (2nd издание). Mumbai, India: Bombay Natural History Society.
-
Gaonkar, Harish (1996). Butterflies of the Western Ghats, India (including Sri Lanka) - A Biodiversity Assessment of a Threatened Mountain System. Bangalore, India: Centre for Ecological Sciences.
-
Haribal, Meena (1992). The Butterflies of Sikkim Himalaya and Their Natural History. Gangtok, Sikkim, India: Sikkim Nature Conservation Foundation.
-
Kunte, Krushnamegh (2000). Butterflies of Peninsular India. India, A Lifescape. Hyderabad, India: Universities Press. ISBN 978-8173713545. https://books.google.com/books?id=cuPPjOMcu_4C.
-
Gay, Thomas; Kehimkar, Isaac David; Punetha, Jagdish Chandra (1992). Common Butterflies of India. Nature Guides. Bombay, India: World Wide Fund for Nature-India by Oxford University Press. ISBN 978-0195631647.
-
Wynter-Blyth, Mark Alexander (1957). Butterflies of the Indian Region. Bombay, India: Bombay Natural History Society. ISBN 978-8170192329. https://books.google.com/books?id=yEkgAQAAMAAJ.
- Tom Tolman et Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1997 ()