dcsimg

Белоглав орел ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Белоглав орел (Haliaeetus leucocephalus)
 src=
Haliaeetus leucocephalus

Белоглав орел (Haliaeetus leucocephalus) е граблива птица во Северна Америка што е најмногу позната како национална птица и симбол на Соединетите Американски Држави. Подрачјето на ширење или размножување го вклучува поголемиот дел од Канада и Аљаска, целиот САД и северниот дел на Мексико. Се наоѓа во близина на отворена вода каде што има изобилство на храна и дрва за гнездење.

Белоглавиот орел е голема птица, со должината на телото од 70 - 102 сантиметри, распон на крилја до 2,44 m и маса од 2,5 - 7 килограми; женката е за 25 проценти поголема од мажјакот. Ова е втората по големина граблива птица во Северна Америка. Возрасните имаат кафеаво тело со бела глава и опашка, жолт ирис, канџи на нозете, и кукест клун; младенчињата се целосно кафеави, освен за жолтите нозе. Мажјаците и женките се исти во обоеност на перјата. Исхрана им се состои од риби, но воглавно се опортунистички исхранувач. Ловат риби со фаќање на препад при летот вадејќи ги од вода со своите канџи. Во дивината, можат да живеат до триесет години, а постануваат сексуално зрели на четири или пет години. Белоглавиот орел го гради најголемото гнездо од било која птица во Северна Америка, до 4 метри длабоко, 2.5 метри широко и еден тон во тежина.


Предлошка:Link GA

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија