dcsimg

Североатлантски леден кит ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Североатлантскиот леден кит (Eubalaena glacialis) беше еден од првите видови китови што се ловеа во комерцијални цели, а денес е еден од најкритично загрозените видови. Вкупниот број на овие животни денес изнесува околу 500 единки. Тој има темно сино-црна боја, освен белите траги на стомакот, изразено свиена уста, а долната челуст има облик на голема лопата. Главата му е покриена со карактеристични делови со тврда, посветла кожа (калосити). Овие калосити им помагаат на научниците во препознавањето на единките. Како и сите китови усани, тој се храни со процедување на храната од морската вода. За таа цел ги употребува ресите, рожните плочки како четка што висат од горната челуст. Североатлантските ледени китови се хранат на поголеми географски ширини, но во текот на размножување се селат во потоплите води. Речиси идентичниот вид, јужниот леден кит, живее на Јужната полутопка. Наспроти двојникот од северот, бројот на јужниот леден кит постепено се зголемува. Денес има околу 5,000 единки.

Наводи

  1. Mead, James G.; Brownell, Robert L., Jr. (16 November 2005). „Order Cetacea (pp. 723-743)“. Wilson, Don E., and Reeder, DeeAnn M., eds. Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press, 2 vols. (2142 pp.). ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14300008.
  2. Reilly, S.B., Bannister, J.L., Best, P.B., Brown, M., Brownell Jr., R.L., Butterworth, D.S., Clapham, P.J., Cooke, J., Donovan, G.P., Urbán, J. & Zerbini, A.N. (2008). Eubalaena glacialis. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2009.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 22 August 2009. (англиски)

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Североатлантски леден кит: Brief Summary ( Macedonian )