Удави или бои (науч. Boidae) — фамилија на неотровни змии што живеат во Америка, Африка, Европа, Азија и на некои тихоокеански острови. Ова се релативно примитивни змии, каде возрасните единки се средни до големи по димензии, а женките се обично поголеми од мажјаците. Фамилијата има потфамилии со рода и 43 вида[2]
Во Македонија живее само еден вид — степскиот удав или „песочница“ (Eryx jaculus).[3]
Како и питоните, удавите имаат издолжени надслепоочни коски. Во помала мера се издолжени и квадратните коски, па така двете можат слободно да се движат странично, и змијата ја отвора устата многу повеќе од нормално.[4]
Двете фамилии имаат заеднички примитивни особености. Речиси сите видови имаат релативно долна вилица со крунест елемент, as well as a закржлавени карлици со задни екстремитети што се делумно видливи како „ноџиња“ од двете страни на отворот. Кај мажјаците, овие анални ноџиња се поголеми и повидливи отколку оние кај женките. Имаат долг ред на преднонепчени заби, а највеќето видови имаат функционален лев дроб за 25% помал од десниот.[4][5]
Удавите се разликуваат од питоните по тоа што немаат задночелни коски или предгорновилични заби, и по тоа што се живородни. Оние што имаат уснени вдлабнатини, сместени се помеѓу лушпите наместо врз нив. Покрај ова, географската распределба на удавите и питоните е речиси сосема посебна.[4]
Удавите се среќаваат во Северна, Средна и Јужна Америка, на Карибите, во југоисточна Европа (вкл. Македонија), Мала Азија, Северна, Централна и Источна Африка, на Мадагаскар и Реинион, Арапскиот Полуостров, Централна и југозападна Азија, Индија и Шри Ланка, на Молучките Острови и Нова Гвинеја, па до Меланезија и Самоа.[1]
Змијата го убива пленот со „давење“; откако ќе го грабне животното за да го приклешти, удавот набргу се намотува неколку пати околу животното, па го стега доволно силно за да го задуши, но не го здробува (деформира).
Поголемите единки јадат животни со големина на мачка, но се случува и да ловат животни со поголеми димензии: зелената анаконда (Eunectes murinus) се храни и со помлади тапири. Пленот го голта цел, и го вари неколку дена до неколку недели. И покрај нивната големина и мускулатура, удавите не се опасни по луѓето.
Највеќето видови се јајцеживородни, што значи дека младите се раѓаат живи. За разлика од нив, питоните се јајцеродни, т.е. положуваат јајца.
Типски род = удав (Boa - Gray, 1825)[1]
|accessdate=
(помош) (англиски) Удави или бои (науч. Boidae) — фамилија на неотровни змии што живеат во Америка, Африка, Европа, Азија и на некои тихоокеански острови. Ова се релативно примитивни змии, каде возрасните единки се средни до големи по димензии, а женките се обично поголеми од мажјаците. Фамилијата има потфамилии со рода и 43 вида
Во Македонија живее само еден вид — степскиот удав или „песочница“ (Eryx jaculus).