dcsimg

Кинески алигатор ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кинески алигатор (на кинески: 揚子鱷, Alligator sinensis) е еден од двата познати видови на алигатори, род од фамилијата Alligatoridae. Кинескиот алигатор живее само на територијата на Кина. Овој вид е помал од другиот преживеан вид на алигатор – американскиот алигатор, и расте во просек по 1,5 метри.

Карактеристики

По изгледот е доста сличен на американскиот алигатор, освен некои мали разлики. Најочигледната разлика е големината, односно кинескиот алигатор е доста помал од неговиот роднина. За разлика од американскиот алигатор, кинескиот има заштитен оклоп низ целото тело, па дури и на стомакот, што е карактеристика на многу малку крокодиловидни животни.

Размножување

 src=
Млад кинески алигатор

Како и останатите видови на крокодиловидните животни, женката гради гнездо од мешавина на растителни материјали и кал и во него положува до 70 јајца. Гниењето на растителниот материјал ослободува топлина која е најважниот елемент за време на инкубацијата на јајцата кој трае околу 10 недели. За време не целиот период, мајката го чува гнездото и многу ретко на кратко се оддалечува од него. Кога младите алигатори ќе излезат од јајцата, таа ги пренесува до водата и се грижи за нив неколку месеци.

Полот на младите крокодили зависи од температурата во гнездото за време на инкубацијата. При температура пониска од 30 °C се формираат женски, а ако температурата е над 34 се развиваат машки алигатори.

Распространетост и живеалиште

Chinese gators.jpg

Иако во минатото бил распространет низ поголемиот дел на Кина, овој вид денес живее само во неколку бари во кои има мал број на индивидуи. Се проценува дека има помалку од 200 индивидуи од кои 50 се зрели. Овие живеалишта се во долниот дел на реката Јангце во провинциите Џангсу, Џеџанг и Анхуеј. Намалувањето на бројноста на популациите се должи најмногу на уништувањето на нивното природно живеалиште кое е претворано во земјоделски површини. Труењето на стаорци со кои потоа се хранат алигаторите е исто така едно од наведените причини. Во последната декада, порнојадени се многу мал број на гнезда, а уште помалку од овие гнезда дале живи младенчиња.

Заштитен статус

 src=
Кинески алигатор во зоолошката градина во Ротердам

Кинескиот алигатор е на листата на Апендикс 1 според Вашингтонскиот договор за заштита на видовите (CITES), со што се ставени огромни ограничувања за трговијата со ова животно. На Црвената листа на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата и природните ресурси (IUCN)е означен како критично загрозен вид. Се прават напори за пуштање на алигатори кои се одгледани во заробеништво назад во природните живеалиште, меѓута оваа програма за сега не бележи голем успех.

Во заробеништво

Вкупната популација која живее во заробеништво се проценува на над 10 000 животни. Најголем дел се во истражувачкиот центар за размножување на кинескиот алигатор во Анхуеј, како и во голем број на зоолошки градини. Во неколку ресторани во Кина, слободно шетаат мали алигатори на кои им се врзани устите[1]. Подоцна овие алигатори се убиени за да бидат конзумирани од луѓето бидејќи во Кина, алигаторското месо се смета дека лекува настинки и спречува рак[1].

Наводи

  1. 1,0 1,1 Chang, L. T., and Olson, R.. Gilded Age, Gilded Cage. National Geographic Magazine, May 2008.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Кинески алигатор: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кинески алигатор (на кинески: 揚子鱷, Alligator sinensis) е еден од двата познати видови на алигатори, род од фамилијата Alligatoridae. Кинескиот алигатор живее само на територијата на Кина. Овој вид е помал од другиот преживеан вид на алигатор – американскиот алигатор, и расте во просек по 1,5 метри.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија