Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) — вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), расте во јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.
Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки. Листовите се спротиставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25. Цвета уште во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови. Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка.
Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.
Плодот на дренот се нарекува дренка и созрева кон средината или на крајот на летото. Дренките се познати во исхраната на Балканот и западна Азија, но не се јадат пред да созреат, односно кога ќе паднат од дрвото. Зрелата дренка е темноцрвена или светложолта по боја, има кисел вкус (нешто меѓу брусница и вишна) и се користи за добивање сок и мармалад, но се јаде и исушена и се користи за правење на ракија „дренковица“[1]. Содржи исклучително многу витамин Ц и затоа се зема против настинка и грип. Наоѓа примена и во традиционалната кинеска медицина.
Дреновото дрво има огромна густина и тоне во вода. Погодно е за изработка на рачки за алат, делови од машини и др.[2] Почнувајќи од VII век п.н.е. Македонците од него изработувале копја, џилити и лаци, како неоспорно најдобро дрво за тие намени.[3] Од дреново дрво традиционално се прават и овчарските стапови.