dcsimg

Топола ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Топола (науч. Populus) — род на листопадни дрва од семејство врби (Salicaceae). Содржат околу 30 вида високи листопадни дрвја од Северната полутопка. Листовите се прости, на долга, сплескана дршка. Има дводомни со еднополни цветови, собрани во цветни реси. Плодовите се мали чушки со ситно семе, снабдено со бели влакна. Виреат во крајречната растителност.

Во Македонија

 src=
Топола (сликана во Кратово)

Во Република Македонија природно се застапени:[1]

  • белата топола (Populus alba) со сивобела кора, со бели и влакнести леторасти и со листови со јајцевидна форма на кусорастите и со засечени лапи на долгорастите, сребренесто-бели од грбот;
  • црната топола (Populus nigra), со ромбични или со триаголни, мазни листови и со испукана сиво-кафеава кора;
  • сивата топола (Populus x canescens Sm.), природен хибрид меѓу белата топола и јасиката.
  • јасика (Populus tremula)

Тополата како тема во уметноста

  • „Патниците и тополата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи

  1. Македонска Енциклопедија, Скопје: МАНУ, 2009, ISBN 978-608-203-023-4
  2. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 29-30.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Топола: Brief Summary ( Macedonian )