dcsimg

Обичен свиркач ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Обичен свиркач или северна пескарка (науч. Calidris alpina) — мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris). Се размножува на Арктикот или субарктичките региони. Птиците кои живеат во Северна Европа и Азија преселници на долги релации и презимуваат на југ кон Африка, југоисточна Азија и на Блискиот Исток. Птиците, пак, од Алјаска и Канада мигрираат на кратки растојанија до пацифичкиот и атлантскиот брег на Северна Америка, иако оние од во северна Алјаска презимуваат во Азија. Многу обични свиркачи зимуваат по должината на пиринејскиот јужен брег. Оваа птица се среќава и во Македонија.

Однесување

 src=
На источниот брег од Англија

Птицата е мошне дружељубива зиме, образувајќи големи јата на мочуришните брегови или песочните плажи. Голем број од нив може да се видат како виорат во синхронизиран лет на местата за одмор за време на преселбата кон зимските престојувалишта. Оваа птица се движи по должината на крајбрежјата и песочните плажи со карактеристичен начин на исхрана, како „машина за шиење“, методично кревање мали прехранбени продукти. Инсектите се главниот дел од нивната исхрана, но јадат и мекотели, црви, ракови и др.

Опис

Оваа птица е една од најчестите и најпознатите крајбрежни птици, и тоа е вид со кој другите обично се споредуваат.

Обичниот свиркач е долг 17-21 см, со 32-36 см распон на крилјата. Возрасните птици со перје во сезоната за парење имаат впечатлив црн стомак, што ниту една друга ваква птица го нема. Вон сезоната на парење перјето му е во основа сиво одозгора и бело одоздола. Младенчињата се кафеави одозгора со две белкави V форми на грбот. Обично имаат црни ознаки на слабините или стомакот и имаат силна бела линија на крилјата која се гледа кога летаат.

Нозете му се благо искривени, а клунот му е црн. Има многу подвидови кои главно се разликуваат според бојата на перјето во сезоната на парење и според должината на клунот. Почесто, клунот на женките е подолг.

Гнездење

Гнездото е многу плиткo обградено со вегетација. Во него обично несат 4 јајца кои ги квачат обата родитела. Пилињата почнуваат да летаат на околу три недели возраст. Поголемиот дел од грижата за леглото ја обезбедува мажјакот, додека женките често го напуштаат гнездото и му го оставаат потомството на мажјакот.

Повикот им е типично пиип, а додворувачката песна е грубо, силно вибрирање.

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи

  • McLaughlin K. A. & Wormington, A. (2000): An apparent Dunlin × White-rumped Sandpiper hybrid. Ontario Birds 18(1): 8-12.
  • Martin-Löf, P.. Mortality rate calculations on ringed birds with special reference to the Dunlin Calidris alpina'. „Arkiv för Zoologi (Zoology files), Kungliga Svenska Vetenskapsakademien (The Royal Swedish Academy of Sciences) Serie 2“ том Band 13 (21).

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Обичен свиркач: Brief Summary ( Macedonian )