dcsimg

Ноќна чапја ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Ноќната чапја или драјка (науч. Nycticorax nycticorax) е чапја со средна големина.

Опис

 src=
Младо чека да се капе, Индија

Возрасните птици се долги 64 см и тежат 800 г. Имаат црна кикиришка и грб, а остатокот од телото им е бел или сив, со црвени оч и куси жолти нозе. Младите се кафени, со бели и сиви дамки. Овој вид чапји се кусоврати и набиени.

Распространетост

Овие птици се размножуваат во слатководни и соленоводни мочуришта ширум светот. Подвидот N. n. hoactli се размножува во Северна и Јужна Америка од Канада, па сѐ до Патагонија на југ, а расата N. n. nycticorax е присутна во Европа, Азија и Африка. Ноќната чапја се гнезди во колонии на платформи на стапови во групи дрвја, или пак на земја во заштитени предели како острови и трскарници. Птицата несе по 3-8 јајца.

Оваа чапја е преселница, освен во тропските предели, каде живее постојано. Северноамериканските ноќни чапји презимуваат во Мексико, југот на САД, Средна Америка и Карибите, додека оние кои живеат во Стариот свет презимуваат во тропска Африка и јужна Азија.

Поведение

Овие птици стојат мирно на работ на водата и го напаѓаат пленот од заседа, главно ноќно време. Главно се хранат со мали риби, ракови, жаби, водни инсекти и мали цицачи. Во текот на денот тие се одмораат во дрвја или честак. Новосветските раси се подруштвени вон сезоната за парење отколку евроазиските раси.

Често се среќаваат вгнездени во авениски дрвја на прометни улици.

На Фолкландските Острови, овие птици ономатопеично се нарекуваат „кваркови“ (quarks).

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Ноќна чапја: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Ноќната чапја или драјка (науч. Nycticorax nycticorax) е чапја со средна големина.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија