Аронија е зрнесто овошје, слично на боровинките и е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница. Расте на листопадна грмушка. Постојат 2-3 врсти по потекло од источниот дел на Северна Америка. Дрвото аронија најчесто расте од 1-6 метри.
Опрашувањето се врши со помош на пчели и ветар, а во есен листовите ги менуваат боите во црвени нијанси. Листовите на аронијата се едноставни и се распоредени наизменично. Цветовите се мали, се составени од 5 венчиња и 5 мали ливчиња. Плодовите се зрнести и не се јадат свежи бидејки се со горчлив вкус (освен црвеноплодната аронија). Често се користи за припремање на вино, мармалад, чаеви, сирупи, компоти и сл. исто така се користи како зачин во боја во пијалоците и јогуртот. Со плодовите на аронијата се хранат и птиците, така што нејзината семка се распростанува преку птичијот измет.
Познати се три врсти на аронија:
Црвеноплодна аронија (лат. Арониа арбутифолиа) расте од 2-4 метри во висина, поретко до 6 метри. Листовите и се широки 5-8 сантиметри. Цветовите и се бели или бледо розови, отприлика 1 сантиметар широки.плодот е црвен, 4-10 mm широк и е отпорен на зимата.
Црноплодната аронија расте во висина од 1 м, а ретко до 3 м. Листовите и се најчесто 6 цм широки. Цветовите се бели, и имаат ширина од 1.5цм. Од почетокот плодот е во црвена боја. Кога ке озрее е во црна боја, со големина од 6-9 мм.
Виолетовоплодната аронија се смета за хибрид на црвеноплодната и црноплодната аронија, додека некој го сметаат за посебна врста. Цвета од април до јули. плодот е темновиолетова до црна боја, и е од 7-10 мм широк.
Плодовите на аронијата се богати со витамините Ц, Е, Б2, Б6, бои антоциани, фолна киселина, кои што го оспоруваат стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија. За консумација се препорачува плодовите да бидат сушени или обработени за мармалад или домашен џем. Плодовите на аронијата се сместени на листата на најлековити природни плодови.
Аронија е зрнесто овошје, слично на боровинките и е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница. Расте на листопадна грмушка. Постојат 2-3 врсти по потекло од источниот дел на Северна Америка. Дрвото аронија најчесто расте од 1-6 метри.