Белоопашестиот свиркач или сива пескарка (науч. Calidris temminckii) — мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris). Се среќава и во Македонија.
Вообичаеното живеалиште, односно место на размножување на белоопашестиот свиркач е тајгата во арктичка северна Европа и Азија. Живее во јужна Скандинавија и повремено во Шкотска. Таа е типична птица преселничка која зимува крај слатководните површини во тропска Африка, Индискиот Полуостров и делови од југоисточна Азија. Не е многу дружељубива птица и не формира големи јата.
Белоопашестиот свиркач е малечка птица, долга 13,5-15 см, сличен по големина на малиот свиркач, само имаат пократки нозе и подолги крилја од него. Нозете му се жолти, за разлика од темните нозе на малиот свиркач и надворешните пердуви на опашката му се бели, а на малиот сиви. Ова е прилично бледа птица, со обични кафени пердуви одозгора и на главата, и бела во долниот дел, со малку потемна боја на градите. Во сезоната на размножување возрасните имаат посветли шарки на мантијата, но повторно имаат безличен изглед. Зимно време личат на речната тринга, само што се помали, односно имаат сивкави пердуви одозгора. Се огласуваат со гласно вибрирачко свиркање. Имаат карактеристичен лебдечки лет.
Белоопашестите свиркачи имаат многу интересен систем на размножување. Мажјаците и женките инкубираат две гнезда истовремено, односно, мажјаците зафаќаат една територија и заедно со женката го создаваат првото гнездо со јајца. Обично несат 3-4 јајца. Потоа женката прави ново гнездо и го лежи самата таа. Исторвремено, мажјакот се пари со друга женка која создава ново гнездо на неговата територија. Мажјакот, пак, останува да го инкубира првото гнездо, од првата женка.
Овие птици пасат во меката кал со вегетација јадејќи она што им е на дофат, а најчесто инсекти и други без’рбетници. Се хранат, како и другите слични видови, и со мали глодари. На овие птици се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Белоопашестиот свиркач или сива пескарка (науч. Calidris temminckii) — мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris). Се среќава и во Македонија.
Со перја во сезона на парење Со перја вон сезона на парење