Чапјата говедарка (Bubulcus ibis) е космополитска птица од фамилијата чапји. Живее во тропски, суптропски и умерени подрачја. Таа е единствен припадник на монотипичниот род Bubulcus. Порано населувала само некои делови на Азија, Африка и Европа, но денес е проширена низ целиот свет. Ја има и во Македонија.
Чапјата говедарка е набиена бела птица, со кремкасто перје во сезоната на парење. Се гнездат во колонии, близу вода и често заедно со други мочварни птици. Гнездото претставува платформа од гранки на дрво или на грмушки. За разлика од другите чапји, се храни на релативно суви тревнати пространства и често ги прати говедата или други големи цицачи, јадејќи ги инсектите што говедата ќе ги исплашат. Овие чапји се корисни, бидејќи се хранат со крлежите од говедата, но може да биде и пренесувач на некои болести поврзани со крлежите. Зависно од местото на живеење, чапјата говедарка е птица преселница, или, пак, е постојан жител.
Чапјата говедарка прв ја опишал Карл Лине 1758 година[2], но Чарлс Бонапарт ѝ го дал денешното име 1855.[3] Латинскиот збор bubulcus значи стока и се однесува на нејзината поврзаност со стоката, говедата.[4]
Чапјата говедарка е куса, набиена птица, долга 46-56 см, тешка 270-512 грама и има распон на крилјата 88-96 см. Има релативно дебел врат, крупен клун и личи како да е згрбавена. Возрасните, вон сезона на парење имаат претежно бели перја, жолт клун и жолтеникаво-сиви пердуви. Во сезоната на парење добиваат портокалови пердуви на грбот, градите и главата, а клунот, нозете и кожичката околу очите им стануваат жарко црвени.[5] Половите се слични, само мажјакот е незначително поголем и има подолги пердуви во сезоната на парење, а младенчињата имаат црн клун.[6][7] Позицијата на очите ѝ овозможуваат бинокуларен вид додека се храни,[8] а многу физиолошки истражувања докажуваат дека може да гледа и ноќе.[9] Овие птици се многу тивки и се огласуваат само во сезоната за парење, и тоа со тивко, грлено „рик-рак“.[10]
Чапјата говедарка е една од птиците кои најбрзо и најдалекусежно ја прошириле својата распространетост.[10] Порано ја имало само во делови на јужна Шпанија и Португалија, тропска и суптропска Африка и суптропска Азија. Кон крајот на 19 век почнала да се шири и во јужна Африка.[11] Во Америка за првпат се видени 1877 година на границата меѓу Гвајана и Суринам, а веројатно го прелетале целиот Атлантски Океан.[6] Во Северна Америка за првпат е забележана 1941, се размножувала на Флорида 1953 и брзо се проширила. Во Канада 1962, на Куба 1957, во Костарика 1958, во Мексико 1963. Во Европа популацијата ѝ се намалувала, но во втората половина на 20 век се проширила на страите подрачја, а потоа почнала да населува и нови. На југот од Франција се појавила 1958, на северот 1981, во Италија 1985,[11] а во Велика Британија и Ирска 2008 година.[12] Во Австралија колонизацијата започнала 1940, се појавила на север и исток на континентот.[13] На Нов Зеланд почнала да се појавува од 1960 година. U Australiji je kolonizacija počela 1940-ih. Pojavila se na sjeveru i istoku kontinenta. Масовната и брза експанзија на чапјата говедарка е во врска со луѓето и нивните домашни животни. Порано птицата се хранила во близина на биволи, но се прилагодила кон исхрана во близина на домашната стока и коњи. Како што се ширело сточарството и птицата можела да ја проширува својата распространетост. Многу од нив се и птици преселници, па и тоа придонело за полесно проширување. Иако чапјата говедарка понекогаш се храни во плитки води, сепак таа, за разлика од другите чапји, обично ги населува ливадите и тревниците.[14]
Чапјата говедарка гнезди во колонии, кои се често, но не и секогаш, во близина на вода.[10] Обично се наоѓаат во шума, близу езеро или река, во мочвари или понекогаш на мали островчиња. Може да живеат и со други видови чапји, ибиси и корморани. Мажјакот се покажува на дрво, во колонијата и изведува разни ритуали, како: мафтање со гранче, насочување на клунот кон небото и сл.[15] Паровите се оформуваат во рок од 3 до 4 дена. Секоја година избираат нов партнер, а и ако првото легло не им успее.[16] Гнездото претставува мала неуредна платформа од гранчиња, сместена на дрво или во грмушки, кое го градат обата родитела. Мажјакот ги собира гранчињата, а женката го гради гнездото. Несат од 1 до 5 јајца, но најчесто 3 или 4. Тие се синкаво-бели, со големина 45 mm x 53 mm.[17] Инкубацијата трае околу 23 дена, а ги лежат и двата родитела. Пилињата се делумно покриени со перје, но не можат да се грижат за себе. Почнуваат да го напуштаат гнездото по 2 недели, а стануваат самостојни по 45 дена. Понекогаш чапјата говедарка несе јајца во туѓи гнезда, но од нив ретко излегнуваат пилиња.
Главен фактор на смртност кај овие птици е изгладнувањето. Ривалитетот меѓу браќата и сестрите е голем, па третото и четвртото пиле најчесто умираат. Во сушни предели, каде има помалку водоземци, пилињата може да страдаат од преголем раст на коските поради недостаток на калциум.[18] Во разни делови на светот, пилињата се храна на разни грабливци, како мајмуни, корморани и орли. Крлежите, исто така, може да предизвикаат смрт.[7]
Чапјата говедарка се храни со разни животни, најмногу со инсекти, особено со скакулци, штурчиња, муви,[19]) ноќни пеперутки, пајаци, жаби и црви.[20][21] Понекогаш, многу ретко може да јадат смокви од дрво.[22] Тие се обично во близина на стоката и ги ловат малите животни кои тие ќе ги вознемират. Истражувањата покажуваат дека се многу поуспешни во исхраната кога се во близина на стока, дури за 3,6 пати. [23] Таа не го брани просторот околу животното кое пасе, ако се соберат повеќе птици, таа ќе го предаде и ќе побара друго животно. Освен тоа, овие чапји се хранат и со јајца и пилиња од други птици, со уловот на други птици, а забележано е дури и да јадат една изморена птица.[24]
Чапјата говедарка (Bubulcus ibis) е космополитска птица од фамилијата чапји. Живее во тропски, суптропски и умерени подрачја. Таа е единствен припадник на монотипичниот род Bubulcus. Порано населувала само некои делови на Азија, Африка и Европа, но денес е проширена низ целиот свет. Ја има и во Македонија.
Чапјата говедарка е набиена бела птица, со кремкасто перје во сезоната на парење. Се гнездат во колонии, близу вода и често заедно со други мочварни птици. Гнездото претставува платформа од гранки на дрво или на грмушки. За разлика од другите чапји, се храни на релативно суви тревнати пространства и често ги прати говедата или други големи цицачи, јадејќи ги инсектите што говедата ќе ги исплашат. Овие чапји се корисни, бидејќи се хранат со крлежите од говедата, но може да биде и пренесувач на некои болести поврзани со крлежите. Зависно од местото на живеење, чапјата говедарка е птица преселница, или, пак, е постојан жител.