Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.
Дињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години.
Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.
Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со
Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува '24 kcal.' Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.
Ниту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи скоро три пати повеќе калиум од лубеницата. Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротенот, кој е моќен антиоксидант. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на малигни болести.Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје.
Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.