dcsimg

Чурилкаровидни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Чурилкаровидните (науч. Curculionidae) се буби од натфамилијата Чурилкари. По раст се обично мали, околу 6 мм, а по исхрана се растенојадни. Заради интересниот облик на главата (со голема чурилка), чурилкарите често пати се нарекуваат и „рогати буби“. Постојат над 60.000 видови во рамките на неколку фамилии, но главно во фамилијата Чурилкари. Извесни други буби од поинакви фамилии, иако не многу сродни, сепак го носат истото име.

Чурилкарите се штетници во полјоделството. Житниот чурилкар (Sitophilus granarius) прави штети на складираното жито. Памучниот чурилкар (Anthonomus grandis) ги напаѓа насадите на памук. Таа полага јајца во незрелите памукови чашки, а потоа младите ја јадат содржината, и потоа излегуваат од чашката.

Чурилкарите честопати се среќаваат во суви прехрамбени продукти како ореви и семки, житарки и зрнести производи. Во домот, најчесто се среќаваат кога ќе се отвори вреќа со брашно, иако чурилкарот јаде и се размножува без проблем и во овес, јачмен, па дури и во појадочни житарки. Нивното присуство се забележува по тоа што зрнцата на нападнатиот производ се залепени во нишки, како да се фатени во пајажина. Ако бидат изедени, тие можат да предизвикаат инфекција на E. coli и разни други заразни болести, зависно од изхраната на чурилкарот.

Наводи

Галерија

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Чурилкаровидни: Brief Summary ( Macedonian )