Фамилијата на штитоцветните скриеносеменици, односно Apiaceae или Umbelliferae, е група на (најчесто) ароматични растенија со шупливи стебла. Тука спаѓа кимот, магдоносот, морковот, кориандерот/цилантрото, копарот, кимот, анасонот, дивиот копар (сминдот), пашканатот, целерот и некои други видови. Ова е голема фамилија со околу 300 родови и повеќе од 3000 видови. Првичното име Umbelliferae доаѓа од соцветието кое е во форма на сложен умбел, односно штит, збор што има ист корен со umbrella (чадор), поради очигледни причини.
Малите цветови се радијално симетрични со 5 мали чашки, 5 венечни и 5 прашници. Фамилијата вклучува неколку високотоксични растенија, како што е кониумот. Многу растенија во оваа фамилија, како дивиот морков, имаат естрогенски својства и се користеле во народната медицина за контрола на раѓањето. Најпознат вид кој се користел за оваа намена е изумрениот џиновски див копар - силфиум.
Оваа фамилија е тесно поврзана со Araliaceae и границите помеѓу овие фамилии останува нејасни. Некое скорешни класификациски системи ја вклучуваат Araliaceae во проширена Apiaceae, но ова не е прифатено од многу научници. Родовите Hydrocotyle и Trachymene, традиционално сместувани во Apiaceae, сега се дел од Araliaceae.