dcsimg

Кукумјавка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кукумјавката (науч. Athene noctua) — вид граблива птица од фамилијата утки (Strigidae), релативно мала во однос на останатите претставници од оваа фамилија. Заедно со кукувијата, познати се по непријатното продорно огласување, по што и ги добиле имињата. Често може да се слушнат заедно на местата каде се спојуваат населбите со ливадите, пасиштата или обработливите површини. Сепак, како и останатите видови од фамилијата, и овие се исклучиво корисни птици.[2] Се среќава и во Македонија.

Кукумјавката е мала утка (23 - 27,5 cm во должина), со заоблена и одозгора сплесната глава на краток врат, со големи жолти очи насочени нанапред и задебелено тело. Пердувите се со кафеава боја, со бели дамки.

Ова се претежно ноќни птици. Кукумјавката и кукувијата се синантропни видови, живеат блиску до човекот, во градско опкружување и селски домаќинства, секаде каде има отворени ливади со ниска грмушеста вегетација на кои можат да ловат ситни глодари. Како место за одмор и гнездење ѝ служат разните пукнатини во објектите изградени од човекот, дупките во земјените отсеци, дупките во дрвјата, пукнатините на карпите и напуштените гнезда. Во најладните периоди од зимата, сите утки се повлекуваат на југот на Европа и северот на Африка.

Се храни првенствено со крупни инсекти, ноќни пеперуги, ситни глодари, а понекогаш и со глувци или волухарици. Заедно со кукувијата се птици станарки, што значи дека кај нас се присутни во текот на целата година. Преселничките движења се познати само кај младите птици кои не се сè уште полово зрели. Возрасните единки не се селат и не се здружуваат во групи.

Кукумјавката била заштитен знак на Минерва, римската божица на мудроста. Според некои легенди се вбројува во „претците на светот“, додека под влијание на христијанството станува симбол на грдоста и злобата.

Поврзано

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Athene noctua. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 ноември 2013. (англиски)
  2. Далиборка Станковић (2009). Све Сове Србије
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Кукумјавка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кукумјавката (науч. Athene noctua) — вид граблива птица од фамилијата утки (Strigidae), релативно мала во однос на останатите претставници од оваа фамилија. Заедно со кукувијата, познати се по непријатното продорно огласување, по што и ги добиле имињата. Често може да се слушнат заедно на местата каде се спојуваат населбите со ливадите, пасиштата или обработливите површини. Сепак, како и останатите видови од фамилијата, и овие се исклучиво корисни птици. Се среќава и во Македонија.