dcsimg
Image of yarrow, milfoil
Creatures » » Plants » » Dicotyledons » » Composite Family »

Yarrow, Milfoil

Achillea millefolium L.

Ајдучка трева ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Ајдучката трева или столисник (науч. Аchillea millefolium) — отпорна и приспособлива билка,[1] која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.

Опис

 src=
Листови на ајдучка трева
Achillea millefolium - roosa harilik raudrohi Valingu.jpg

Ајдучката трева е исправена билка со висина до 80 cm. Стеблото на ајдучката трева има светло-зелена или црвено-кафена боја. Има мноштво на тенки листови. Целата билка има многу пријатен мирис. Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото.

Ајдучката трева расте секаде, покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели цветови кои цветаат од јуни до август.

Ајдучката трева се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен.

Надземниот дел на билката во времето на цветањето содржи 1% етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, смола, танини и друго.

Ајдучката трева е распространета по цела Европа. Расте на суви и на умерено влажни терени, ливади, пасишта, крај шуми и патишта, на надморска височина до 1.800 метри. Добро ги поднесува и ниските и високите температури. Цвета од јуни до октомври. Главната сезона на берење е во јули и во август. Се собираат врвните делови на билката или, пак, само цветовите што се ситни и бели собрани во соцветија во облик на штит.

Стебленцето на билката нема лековити својства. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен. Колку е етерското масло побогато со хамазулен толку бојата му е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.

Употреба

Ајдучката трева уште одамна се користела во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.

Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против стафилококите, ешерикија коли, кандида и други микроорганизми.

Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката. Ајдучката трева се користи во составот на горчливите чаеви, во чаевите за прочистување на организмот, чаеви за зголемено излачување на жолчна киселина, чаеви за нормализирање на метаболизмот и за чаеви за смирување. Може да се користи и за испирање на рани, за купки и облози.

Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се дава при крварење и при хемороиди. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења.

При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, тек процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини.

Во народната медицина познато е нејзиното лековито дејство во смирувањето на воспалението на кожата и слузниците, во лекувањето на раните и гнојните процеси, во прекинувањето на крварењето.

Етерското масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови во цревата и против болки и грчеви во стомакот. Цинеолот од етерското масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).

Поради танините што стегаат и етерското масло, кое влијае антисептично и антивоспалително, ајдучката трева се препорачува против дијареа, колит, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина, грлото, при фарингит и ларингит.

Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прават билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Ајдучката трева ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната меструација. Забележана е голема ефикасност при лечење на болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева и длабоко плакнење на вагината со чај од ајдучка трева. Истовремено се препорачува и пиење екстракти од ајдучка трева.

Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајчниците, миоми на матка и ендометриоза.

Поради диуретичното дејство (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.

Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци).

Се препорачува и во климактериум бидејќи ги ублажува тегобите, продолжените крвавења и помага за намалување на потењето.[2]

Начин на употреба

Се употребува како чај, како тинктура, како одвар или додаток на храна и пијалоци.[3]

Наводи

  1. * Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988.
  2. Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.
  3. moirecepti.mk/post/сок-од-ајдучка-трева-домашен-швепс
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Ајдучка трева: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Ајдучката трева или столисник (науч. Аchillea millefolium) — отпорна и приспособлива билка, која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија