dcsimg

Каранфиловидни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Каранфиловидни ((науч. Caryophyllales)) — ред на цветни растенија каде спаѓаат кактусите, каранфили, штировите, ледениците и најразлични месојадни растенија. Многу растенија од родот се сочници, со месести стебла или листови.

Опис

Во каранфиловидните влегуваат 6% од сите дикотиледонски видови.[1] Редот им припаѓа на јадрените евдикоти[2] и содржи 33 семејства, 692 рода и 11.155 видови.[3] За монофилијата на каранфиловидните сведочат нуклеотидните низи, податоците од низите на цитохром c и наследните особености како развојот на ѕидовите на прашникот и проводните елементи со прости дупчиња. [4]

Систематика

Според системот APG II (2003), во овој ред спаѓаат мошне застапени растенија како кактусите, каранфилите, спанаќот, цвеклото, ревенот, росилките, венерините муволовки и бугенвилејата. Неодамнешните молекуларни и биохемиски наоди утврдуваат дополнителни кладови во рамките на родот.

  • ред Caryophyllales

Наводи

  1. Каранфиловидни - MOBOT (англиски)
  2. Judd. W., Campbell, C., Kellog, E., Stevens, P. & M. Donoghue. (2008). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, Third Edition. Sinauer Associates, Inc. Sunderland, MA
  3. П.Ф. Стивенс (2001). Филогенија на скриеносемениците. Верзија 8, јуни 2007 (англиски)
  4. Juan et al. (2007). Electrophoretic characterization of Amaranthus L. seed proteins and its systematic implication. Botanical Journal of the Linnean Society 155: 57-63.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Каранфиловидни: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Каранфиловидни ((науч. Caryophyllales)) — ред на цветни растенија каде спаѓаат кактусите, каранфили, штировите, ледениците и најразлични месојадни растенија. Многу растенија од родот се сочници, со месести стебла или листови.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија