Буките (науч. Fagaceae) сочинуваат околу 900 видови на зимзелени и листопадни дрва и грмушки, кои се карактеризираат со алтернирачки прости листови со пинатна венација, еднополови цветови во форма на реси и плод со чашковидни (купула) оревчиња. Листовите се често составени од повеќе делови, при што се присутни лисни дршки и прилисници. Кај плодовите отсуствува ендосперм и тие лежат во лушпеста или боцкаста капсула која може, но и не мора да го затвори целиот плод. Плодот може да се содржи од една до седум семки. Најпозната група од оваа фамилија се дабовите (Quercus), чиј плод се нарекува желад.
Неколку членови од Fagaceae имаат важна економска употреба. Многу видови на дабови, костени и буки имаат квалитетно дрво кое се користи во градежништвото. Дрво за бурињата за вино најчесто се добива од Quercus suber. Плодовите од костенот се мошне вкусни и се јадат најчесто во текот на зимата.
Fagaceae е најчесто поделена на три или четири подфамилии, во кои се распоредени вкупно девет или десет родови. Монофилијата на буките е силно поддржана од морфолошките (особено морфологија на плод) и молекуларните податоци. [1]
Варијантата од јужната хемисфера наречен „јужи буки“ (Nothofagus) традиционално беше сместен во оваа фамилија како сестрински род на Fagus.[2], но скорешните молекуларни анализи не ја поддржуваат оваа систематика. Иако јужната бука дели неколку заеднички карактеристики со претставниците од Fagaceae (како купулата и структурата на плодот), таа се разликува значајно по морфологијата на прилисниците и поленот, како и по тоа што има различен број на хромозоми. [3] Сегашното гледиште на систематичарите е тоа што Nothofagus би требало да се смести во своја посебна фамилија - Nothofagaceae.[4]
Подродот Cyclobalanopsis од родот Quercus се третира како одделен род од страна на Флора на Кина, но од страна на повеќето таксономи, тој има ранг на подрод.
Буките се нашироко распространети во Северната Полутопка. Диверзитетот на ниво на род е сконцентриран во југоисточна Азија, каде за повеќето рецентни родови се мисли дека еволуирале пред мигрирањето во Европа и Северна Америка (преку Беринговиот Мост).[5] Членовите на Fagaceae (како Fagus grandifolia, Castanea dentata и Quercus alba во североисточен САД, или Fagus sylvatica, Quercus robur и Q. petraea во Европа) се често еколошки доминантни во северните умерени шуми.