dcsimg

Белобрада рибарка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Белобрадата рибарка (науч. Chlidonias hybrida) е морска птица од фамилијата на рибарките која се среќава и во Македонија. Овој вид има многу географски раси кои се разликуваат по големината и незначително во деталите на перјето. C. h. hybrida се размножува во потоплите делови на Европа и Азија. Со помалиот клун и потемната C. h. delalandii ја има во источна и јужна Африка, а посветлата C. h. javanicus од Јава до Австралија.

Птиците што живеат во тропските краишта се постојани жители, но оние од Европа и Азија се птици преселници кои презимуваат во Африка или Индија. Овој вид се размножува во колонии во копното, крај бари, понекогаш во близина на езерските галеби кои им обезбедуваат заштита.

Опис

 src=
Во Индија, со мала памучна гуска
 src=
Во Индија

Големината, црната капа, силниот клун (29-34 мм кај мажјаците и 25-27 мм и понабиен кај женките), кратката чаталеста опашка и темносивото перје и одозгора и одоздола во сезоната на парење се карактеристиките на оваа рибарка. Возрасните, летно време имаат бели образи и црвени нозе и клун. Кај младенчињата круната е прошарана со бело, како и кај возрасните преку зима. Црното над ушите се спојува со задниот дел од капата, а просторот одозгора е прошаран со бело, па се добива впечаток дека црното има форма на С. Страните на вратот се бели, а понекогаш се протегаат до тилот. Под опашката се светло сиви. Кај младенчињата нијансите на мантијата варираат. Грбот и слабините се темно кафеави, со кремави завршетоци. Наесен често се појавуваат нови сиви пердуви, особено на мантијата и тогаш перјето на возрасните станува сребреносиво. Зимно време, челото им станува бело. Повикот на оваа птица е карактеристично крикк. Белобрадата рибарка се храни со мали риби, инсекти, водоземци и ракчиња.

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Белобрада рибарка: Brief Summary ( Macedonian )