Жаба — водоземец од редот на безопашести водоземци (науч. Anura). Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820 година.
Возрасните жаби се карактеризираат со долги задни нозе, кратко тело и вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка. Големината им варира од 10 мм (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба) до 300 мм (Conraua goliath од Камерун). Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги, црви и мекотели. Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење.
Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми. Повеќето жаби живеат во плитки водени површини, но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера, и нивните ларви, наречени полноглавци, имаат жабри и се развиваат во вода.
Со повеќе од 5.000 опишани видови, жабите се меѓу најразновидните групи 'рбетници. Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единственото семејство на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae, но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“, а видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.
Отровната стрела - жаба е најотровната жаба во светот, која што е застапена во тропските шуми на Амазонија. Нејзиниот отров е доовлен да усмрти 20.000 глувци или да ја сопре работата на срцето на некој 'рбетник. Самиот отров се наоѓа и се лачи на површината на кожата.
Жабата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Жаба — водоземец од редот на безопашести водоземци (науч. Anura). Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820 година.